Лице в лице

Цела „Меморија“ во „Ништо лично“: „Меморија не е национален бенд, ние сме е многу повеќе од тоа – народен бенд“ (ВИДЕО)

Цела „Меморија“ во „Ништо лично“: „Меморија не е национален бенд, ние сме е многу повеќе од тоа – народен бенд“ (ВИДЕО)

Од првите музички чекори во 1983 година, преку периодот на афирмација и создавањето на препознатливиот звук, до големите концертни враќања во последниве години, „Меморија“ изгради статус што не се мери само со бројот на албуми или настапи. Нејзината вредност е и во фактот што песните продолжија да живеат и во периодите кога групата не беше постојано присутна на сцената.

На 23 октомври 2026 година, во арената „Јане Сандански“ во Скопје, „Меморија“ повторно најавува голема концертна приказна, овојпат под концептот „Од историја до Меморија“. Според најавите, тоа нема да биде само пресек на кариерата на групата, туку и музичко патување низ корените и развојот на македонската рок-сцена.

Зашто четириесет и три години по првите музички чекори, „Меморија“ не е само име што буди носталгија кај оние што растеле во осумдесеттите и деведесеттите. Таа е дел од музичкото наследство што продолжува да се пренесува и на новите генерации.

Од „Нена“ до „Дирлада“, од  „Оган под ѕвездите“ и „Зошто Боже“ до „За тебе“ и големиот концерт во „Борис Трајковски“, од интимниот времеплов во МКЦ до претстојната вечер во „Јане Сандански“ – приказната на групата е приказна за безвременското постоење на песните.

Затоа концертот на 23 октомври 2026 година има потенцијал да биде повеќе од уште еден настап. Тој е можност да се потсетиме од каде почнал македонскиот поп-рок, кои музичари го граделе и како нивните песни станале дел од животите на толку многу луѓе. Зашто некои бендови оставаат само албуми зад себе, а „Меморија“ остави песни што публиката ги носи со себе.

Или како што ќе рече Перо Камиказа: „Меморија не е национален бенд, Меморија е многу повеќе од тоа – народен бенд. Нам на концертите ни доаѓа публика од различни националности, но и различна возраст. Понекогаш цели семејства од три генерации. Кога ќе видам дека онлајн се продале 8 или 12 влезници, знам дека или ќе дојде цело друштво или цело семејство“.

Приказната за бендот кој од една музичка идеја прерасна во еден од препознатливите симболи на домашната поп-рок култура ја раскажуваа самите во хај-фај „Слушална“-та на Перо Камиказа…  Лице в лице со него и со секој член поеднечно, со цел бенд на муабет,во една просторија… Во „НИШТО ЛИЧНО“ –  цела „МЕМОРИЈА“.

Целиот поткаст со легендарниот македонски бенд како и сите други досегашни изданија на „НИШТО ЛИЧНО“ ќе ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на   YouTube каналот на КурирМК (

Од истата категорија

To top