Радио Милева детали од минатото

Со овој пејач ја изгубила невиноста: Александра Младеновиќ откри детали за одосот

Со овој пејач ја изгубила невиноста: Александра Младеновиќ откри детали за одосот

Пејачката Александра Младеновиќ откри дека ја изгубила невиноста со својот колега Урош Живковиќ, кога имала 19 години.

Александра Младеновиќ привлече големо внимание во јавноста со искреното признание за својот приватен живот, за време на гостувањето во една телевизиска емисија. Одговарајќи на провокативните прашања на водителката, пејачката откри детали од своето минато и врската со колега од естрадата.

На прашањето на водителката Тијана: „Дали некогаш си водела љубов со малолетник?“, Александра најпрво одговорила одречно, но потоа се присетила на детали и јавно признала:

„Никогаш. Јас ја изгубив невиноста на 18 и пол, односно 19 години. Да, со Урош Живковиќ. Сакам помлади момчиња“, рекла таа, изненадувајќи ги сите во студиото.

Објаснувајќи ги деталите за врската, пејачката истакна дека станува збор за младешка љубов. Таа нагласи дека нејзиниот колега Урош Живковиќ во тој период имал 17 години, додека таа била четири години постара од него. Во свој стил, открила и какви партнери претпочита.

„Тоа беше детска љубов, тој тогаш беше малолетен. Имаше 17 години, а јас бев четири години постара од него. Искрено, сакам помлади момчиња. Колку сум постара, толку помлади ги сакам. Кога ќе ја отстранам шминката, изгледам уште помладо, па одлично си одговараме. Сите светски ѕвезди имаат мажи што се по 30 години помлади од нив, а мојот можеби сè уште не е ни роден“, рече таа во емисијата „Амиџи шоу“.

Нејзиното излагање во студиото наиде на симпатии, а својот коментар го даде и Марија Кулиќ.

„Кукличка, јас сакам такви девојки“, рекла таа.

Инаку, Александра Младеновиќ и Урош Живковиќ биле во љубовна врска на самиот почеток на нејзината кариера. Денес се во добри пријателски односи, а пејачката претходно истакна дека има одличен однос и со неговата сопруга.

foto: printscreen/instgaram/aleksandra_mladenovic_

To top