Радио Милева сеедно, ама не е сеедно...

Кој „му го смети“ на Спасе Рола: Или времето е ладничко или ракијата е јакичка?

Кој „му го смети“ на Спасе Рола: Или времето е ладничко или ракијата е јакичка?

Спасе Јовановски полека стана најпознатиот презентер на временската прогноза. Го гледаме на Утринската програма и по вестите на ТВ Сител, а во последно време и во новата водителска улога со свој поткаст на Јутјуб, а на социјалните мрежи многу попознат како Спасе – „Рола до бола“ и верен придружник на Лила Филиповска на речиси сите нејзини егзотични патувања, настани, случувања…

Сепак презентирањето на тоа какво време не очекува во текот на денот и прогнозата за времето утре и во наредните денови, се дел од неговите основни работни обврски. И сакале да признаеме илине, гледачите му веруваат… Барем се’ досега!

Зашто ако Спасе каже ќе врне – понеси си чадор, ако каже ќе студи, облечи си џемпер, ако најави ќе дува, земи си топла јакна… И обратно, ако најави пеколна горештина, остани под клима или фаќај џаде негде покрај вода! Презентерот како пророк – што ќе каже, тоа ќе се оствари!  И така се до скоро… Додека некој случајно или намерно не се обидел „да му го смести“ на Спасе Рола! Еве како и зошто?!

Како и секогаш, пред неколку дена ете го презентерот со својата вообичаена појава да ја раскаже прогнозата. Логично, табелата на лед екранот зад него, со испишаните градови во Македоја и нивната дневна температура во тој ден од октомври. Од 7 степени целзиусови во Берово како најстудено, до 14 во Гевгелија како најтопла.

Арно ама, само на прв поглед. Ако подобро загледате ќе видите дека всушност најтопло било во Кавадарци! И тоа со темепература небаре е Сахара –  51 степен!

 

Ова мора да е грешка и тоа техничка, била намерна или случајна, зашто некој му ги смешал бројките на презентерот. Првата – втора, втората – прва па наместо 15 излегло дека кавадарчани се варат на 51 степен!  А, всушност кај нив е сезона кога се вари вино и ракија!

Оттаму и прашањето да не случајно температурата во Кавадарци ја мерат со СПИРТОМЕТАР?

 

Или како што бившиот колега од ТВ Сител му напишал на Спасе Рола:  „Ова ракијата ли ја мерат во Кавадарци“?

15 или 51 – сеедно, ама не е сеедно. Или времето е ладничко или е ракијата јакичка?!

Фото: Фејсбук/Janko Ilkovski и Инстаграм/rolladobolla

To top