Радио Милева скопје свети со чиста уметност

Актерката Катерина Шехтанска блесна како холивудска дива на отворањето на „Киненова“

Актерката Катерина Шехтанска блесна како холивудска дива на отворањето на „Киненова“

Свечената завеса на единаесеттото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова се крена во киното „Фросина“ во МКЦ, носејќи со себе силна уметничка енергија, филмски ѕвезди и доза холивудски гламур.

Главната улога надвор од големото платно на самата церемонија синоќа(14.октомври) несомнено ја имаше македонската актерка, балерина и водителка Катерина Шехтанска, која во улога на модератор блесна како холивудска дива со својот изглед.

Со изгледот од милион долари Шехтанска беше како безвременска филмска икона.

Катерина уште еднаш докажа зошто важи за една од најекстравагантните и секогаш беспрекорно стилизирани појави кај нас. На сцената на „Фросина“ таа заблеска во драматична креација со која спои класична елеганција и авангарден македонски моден дизајн.

Актерката носеше софистицирана црна тоалета со впечатливи прекрстени прерамки околу вратот и суптилно отворен преден дел. Сепак, вистинскиот  ефект и волумен го даде раскошниот шлеп од бели пердуви кој се спушташе зад неа и создаваше филмска магија при секое нејзино движење на сцената.

Фустан кој наедно апсолутно го симболизираше и штркот како симбол на Кинонова.  Со совршено стилизираната брановидна коса собрана на едната страна и минималистички накит, Катерина донесе холивудски сјај на црвениот тепих.

Инаку, оваа година „Киненова“ се одвива под инспиративното мото „На прво светло“, фокусирајќи се на автентичните авторски гласови и храбри нови перспективи. Вечерта беше отворена со македонската премиера на филмот „3 недели подоцна“ (работен наслов „Екскурзија“) во режија на еминентниот српски автор Мирослав Терзиќ.

Публиката во следните четири дена ќе ужива во главна меѓународна долгометражна програма со 6 исклучителни дела, селекција од 19 кратки филмови, специјален „Фокус на Албанија“, како и навраќање кон почетоците на македонските филмски мајстори.

Фестивалот е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на СРМ и Општина Кисела Вода. Оваа филмска приказна продолжува да го осветлува Скопје со чиста уметност!

фото: Instagram printscreen/kinenovafilmfestival2026

To top