Хајди Клум повторно позираше во провокативно издание, но овојпат за потребите на промоцијата на новата линија долна облека на познат италијански бренд.
Поранешната манекенка Хајди Клум повторно е заштитно лице на италијанскиот бренд „Calzedonia“, па се најде во новата рекламна кампања и со своите смели модни изданија повторно го привлече вниманието на јавноста.
Речиси секојдневно му порачува на светот дека го обожава своето тело и на 54-годишна возраст, па оскудната облека, па дури и фотографиите во топлес-издание, не ѝ претставуваат проблем. Напротив, нејзините профили на социјалните мрежи се преполни со вакви објави!
View this post on Instagram
За оваа пригода позираше во две различни изданија, во кои акцентот е ставен на чипката. На едната фотографија носи боди и чорапи во бордо боја, додека на другата позира во црн чипкан комбинезон, под кој се гледа црната долна облека.
View this post on Instagram
Ова не е првпат Хајди Клум да соработува со познатиот бренд, а во некои кампањи се појавуваше и со својата ќерка Лени. Неодамна двете заедно позираа за брендот „Intimissimi“ и повторно ги поделија мислењата на јавноста.
Во моментов, Хајди се подготвува за Ноќта на вештерките, кога традиционално носи оригинални костими за кои се подготвува со месеци.
Неодамна повторно зачекори и на модната писта, на Модната недела во Париз, покажувајќи зошто своевремено беше меѓу најбараните топ-модели во светот.
foto: prinstcreen/instgaram/heidiklum






