Македонската јавност е длабоко потресена од трагичната вест за ненадејната смрт на четиригодишниот Петар Стојаноски, син на познатиот македонски пејач Маријан Стојаноски и сопругата Наташа.
Според најновите информации поточно од некрологот кој го објави ужалентиот татко, малиот Петар починал ненадејно на 27 септември 2026 година во 16:30 часот, оставајќи го своето семејство во неопислива болка и тага.
Според официјалната жална вест од семејството, последното испраќање и погребот ќе се извршат денес, на 29 септември 2026 година во 13:00 часот, на гробиштата во Крушево – Гумење, а телото на починатото дете е изложено во неговиот дом.

Скршен од огромната и ненадоместлива загуба, таткото Маријан Стојаноски преку потресни зборови на социјалните мрежи јавно ја сподели својата тешка внатрешна болка. Во неколку емотивни коментари кои дополнително ја потресоа јавноста граѓаните, тој напиша дека чувствува огромно страдање кое тешко може да се поднесе, барајќи помош и прашувајќи каков е овој оган што силно му ја гори душата.

Целата естрада, пријателите и македонските граѓани упатуваат пораки со искрено сочувство до ожалостените родители, сестрите, бабата, дедото и останатите блиски роднини во овие најтемни моменти за нивното семејство.
фото:Facebook/ Marijan Stojanoski/Gemini





