Радио Милева фризура или деколте?

Роденденската екстензија доби многу повозбудлива димензија: Бујно „надградената“ предница на скопската ријалити убавица ја фрли во сенка надградбата на косата! (ВИДЕО)

Роденденската екстензија доби многу повозбудлива димензија: Бујно „надградената“ предница на скопската ријалити убавица ја фрли во сенка надградбата на косата! (ВИДЕО)

Некогашната македонска ријалити учесничка Елеонора Кочовска, екс -Миљковиќ, еднаш проба и потоа никогаш повеќе не ни помисли на релните шоуа. Длабоко  навлезена во реалниот живот, особено откако се омажи и го смени презимето, па целосно му се предаде на моделингот, инфлуенсерството и  рекламирањето.

Сега е семејна жеба, која животот го слави во среќна љубовна хармонија со својот сопруг, со кого е неразделна каде и да се појави. Особено кога за тоа постојат убави поводи, како што е на пример „денот што го чекаме цела година“, а го славиме секоја.

 

Годинава во една позната македонска винарија каде Елеонора и нејзината посилна брачна половина прославија со богата роденденска трпеза…

И се разбира, со некои од најубавите македонски вина.

Ако честитките и сочните бакнежи следуваат во старт, шлагот на тортата доаѓа на крајот, заедно со тортата. Роденденска со запалени свеќички за дување, кои иако на дамите не им се бројат годините, славеничката не ги крие. Впрочем не и некоја кој знае колку голема бројка ако на тортата стојат една до до друга „тројка до тројка“!

Дамите како по обичај, особено ваквите убавици како некогашната ријалити скопјанка, ниту легнуваат, ниту од кревет не стануваат недотерани, а камо ли да одат по прослави.

Затоа Нора уште претходно замина на суредување на косата. Фризерајот никако не е обичен, зашто не било во прашање само шишање или фарбање, туку естетски додаток, екстензија на веќе постоечката должина на косата. Или што би рекле „фризура со надградба“ со која Елеонора се пофали на социјалните мрежи, сакајќи да го покаже својот нов изглед.

Арно ама, онака провакативно облечена во тесно припиен фустан со леопардов принт и црна тантела и со длабоко „деколте до папок“, толку предизвикувачки делува што го што модниот додаток во втор план го потисна.

Возбудливата глетка која ги „залепи влажните машки погледи“ на гигантските разголени гради возбудата ја пренасочи кон „надградената бујна предница“ на скопската ријалити убавица, фрлајќи ја во сенка надградбата на косата на Елеонора. Така што нејзината роденденска екстензија доби сосема поинаква, многу повозбудлива димензија за сите… Само зависи кој на што „се пали“? На фризура или деколте?

Фото и видео: Инстаграм/__elle.m__

 

To top