Водителката Николина Пишек пред шест години се најде во центарот на голема кражба, кога од вилата и исчезнале накит и пари во вредност од најмалку 63.000 евра, а за овој случај е осомничен Рок Гале.
Кривичната постапка, која сè уште трае, се однесува на обвиненијата дека Гале на крајот на јули 2020 година го искористил отсуството на гостите и од куќата однел пари и вредни предмети. Во тој период во вилата престојувале Николина Пишек и нејзиниот тогашен сопруг, покојниот Видоје Ристовиќ.

Според обвинението, од објектот исчезнале најмалку 63.000 евра во готовина, но и луксузни парчиња накит и часовници чија вредност се мери во десетици илјади евра:
Машки часовник „Cvstos“, проценет на околу 18.000 евра, Златен часовник „Pierre Kunz“, вреден околу 25.000 евра, Часовник „Rolex Sky-Dweller Rose Gold“, проценет на 35.000 евра, „Cartier Love“, нараквица со брилијанти, вредна повеќе од 40.000 евра, Прстен „Cartier Panthère“, проценет на 24.000 евра, Прстен „Chopard“, чија вредност се проценува на дури 65.000 евра.
Вкупната вредност на исчезнатиот имот, како што се наведува, достигнува стотици илјади евра. Обвинетиот Рок Гале ги негира сите наводи од обвинението, додека неговата одбрана тврди дека оштетените сè уште немаат доставено документација со која би ја потврдиле сопственоста над наведените предмети.

Во рамки на истата постапка, ќерката на Николина Пишек и Марко Цигој, Хана Цигој, е казнета со 1.500 евра бидејќи повторно не се појавила на рочиштето на кое требало да сведочи.
Одлуката ја донела судијката на Општинскиот суд во Сплит, Јасенка Павловиќ, а освен паричната казна, издаден е и налог за нејзино приведување на адреса во Загреб.







