Ана Радуловиќ не престанува да привлекува внимание со својот приватен живот, деловните успеси, но и со изгледот на кој би можела да ѝ позавиди секоја жена.
Радуловиќ е позната како личност која сака да патува, а пред неколку дена објави фотографии од одморот кои ги оставија нејзините следбеници без здив.

Ана позираше во бикини, а нејзиното бујно деколте овојпат беше во прв план. Бројот на лајкови и коментарите покажаа дека водителката воодушевила многумина.

На никого не му избега ниту описот што стои покрај објавата на атрактивната водителка: „По корзо плови штука што ретко се лови“.

Да потсетиме, Радуловиќ долги години беше во брак со пејачот Мирче Радуловиќ, со кого имаат син на кој и двајцата се многу горди.
По разводот, Ана го задржа презимето на поранешниот сопруг и остана во добри односи со него. Од друга страна, Мирче неодамна доби ќерка со новата партнерка Маја.
Foto: printscreen/instgaram/ana.radulovic






