Откако во предвечерието на најголемиот македонски празник, 2-ри Август – Илинден, членовите на дуото „Коктел“, Блаже Темелков и Стевче Грозданов на YouTube ја промовира својата нова песна насловена „Земјо моја“, за 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија, го промовираа и видеоспотот за песната. Тема која ја слави љубовта кон татковината, а во себе содржи коктел од од национални чувства и наплив на патриотски емоции за неизмерна љубов кон Македонија.

Рок темата со етно призвук, во која доминираат рифот и гитарските делници испреплетени и исфилувани со сајзерските стрингови и препознатливиот македонски ритам во кој провејуваат суптилно интегрираните фолклорни мотиви, режисерот Александар Ристовски Принц ја визуелизрал мотиви од природните убавини на Македонија.

При тоа во видеото интегрирал приказна за вечениот копнеж кон татковината на македонскиот иселеник, каде и да живее раселен ни светот.

Љубов која како оган од родното огниште вечно тлее во душата и никогаш не исчезнува, туку напротив им се предава како завет и аманет на идните поколенија, за да не ја заборават земјата на своето потекло, нивната една и единствена Македонија!

Визуелизацијата е збогатена и исфилувана со суптулна патина огледана во вокалната експресија на пејачот, како и импровизираниот настап на членовите на дуото во златните македонски полиња, крај езерските води или родните лозови насади.

Како изгледа визуелизацијата за вечниот копнеж на Македонецот кон својата родина отсликан во патриотска тема – „Земјо моја“ на дуото „Коктел“, проследете од видеото во продолжение…






