Радио Милева Денот што го чекаме цела година...

Најпознатата кучка во Македонија слави роденден: На дамите не им се бројат годините, ама затоа се брои кој прв и честиташе на Ферхунде

Најпознатата кучка во Македонија слави роденден: На дамите не им се бројат годините, ама затоа се брои кој прв и честиташе на Ферхунде

Роденден е денот што го чекаме цела година, е паролата која важи за луѓето, а ден кога најсреќни се децата. Не дека возрасните не му се радуваат, ама како одат натаму годините, така некако возбудата е се’ помала, освен онаа од стравот  од староста, кој некако како да е се’ поголем, колку и да е прикриен и повеќето отворено не го покажуваат. Освен по онаа стандардната и најпосакувана роденденска желба: „Да сме живи и здрави до 101-на, па за другото…“!

Покрај луѓето роденден слават и домашните миленици. Или барем им го слават нивните сопственици. А, роденден на 15 септември слави веројатно најпознатата кучка во Македонија. Ферхунде на Игор Џамбазов! На дамите не им се бројат годините, та биле човечки или кучешки сеедно – бонтонот е ист.  Ама затоа тука е роденденската честитка од газдата.  Во случајов, на „човек во сериозни години“, упатена до некој кој му е ептен мил ем драг:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

„Среќен роденден Ферхунде мила!!!
Да си ми здрава (оти жива си ептен, проверено е) и среќна, како јас што сум среќен со тебе. И да си живееме вака се’ до крајот на мојот живот…“ – и порача Џамбаз на својата домашна љубимица од топлата постела уште на будење, при првото утринско отворање на очите.

Годините не и ги откри… Оти рековме, на дамите не им се бројат годините. Ама затоа им се бројат честитките. Но, можете ли да претпоставите кој прв и го честиташе роденденот на Ферхунде? Освен стопанот, де?

Верувале или не, тоа беше нејзината докторка, ветеринарката на кучката, Александра Мурџева! И тоа со заедничка селфи фотографија со роденденката!

Е, сега некој ќе рече па тоа е природно и нормално. Други пак размислуваат – логично е ветеринарот да и посака долговечност, зашто што подолг живот, тоа подолго нејзин пациент, (читај клиент)!?

Иако повеќе од сигурно е дека мотивот е сосема искрен и со огромна љубов кон роденденката – најпознатата кучка во Македонија, Ферхунде Џамбазова – дојранка со, од време на време, привремен престој и на скопска адреса!

Епа… Хепи брдеј ту ју ФЕРХУНДЕ, славна крзнена дојранчанке!

Фото: Инстаграм/igordzambazov/AI

 

To top