Промотер

Александар Јосифовски „ја истури“ душата во емотивната рок балада – „Горе од љубоморе“ (ВИДЕО)

Александар Јосифовски „ја истури“ душата во емотивната рок балада – „Горе од љубоморе“ (ВИДЕО)

Откако неодамна за прв пат стана татко кога неговата  Ана на свет ја донесе малата убавица Алексеја, а набргу непосредно потоа на необичен начин и ја побара раката на неговата свршеница, македонскиот „Гранд“ рокер Александар Јосифовски и се врати на музиката.

Но, музиката тој никогаш и не ја оставил, зашто покрај настаните од приватноста харизматичниот охриѓанец постојано и настапуваше и компонираше, а резултат на неговата креативна активност е и наовата песна на Јосифовски, насловена „Горе од љубоморе“ (Полошо од љубомора). 

Музички се работи за своевидна рок балада, која е својствена и за сензибилитетот и за вокалниот распон на Јосифовски, како и за стилот што најмногу музички му лежи и прилега. Емотивно изведена, со многу емоции и вдахната душа, со експресија вметната во интерпретацијата каква што само можат да донесат големите пејачки имиња во регионот и светот. Песната инаку е отпеана на српски јазик како логично продолжение на регионалната кариера на пејачот кој живее на реалција Охрид (на лето) – Белград (преку зима).

Авторскиот тим кој ги напишал музиката и текстот е тандемот Страхиња и Урош Тепавчевиќ, додека за аранжманот, миксот и мастерот се погрижил самиот Јосифовски.

Рок баладата е визуелизирана со видеоспот кој го изработила охридска екипа предводена од Ѓоле Савески. Видеото е снимано во прикладниот простор на охридскиот хотел „Белведере“, а во него како модел се појавува свршеницата на Јосифовски, неговата Ана Павиќ.

Со оваа песна како логично продолжение на она што како стил го турка , Александар Јосифовски прави нов исчекор во својата регионална кариера, градејќи ја полека но сигурно кој највисоките естрадни врвови. Конечно и честите покани за прекуокеанските турнеји сам или како специјален гостин и човек кој настапува пред најголемите имиња како Бијело дугме, Лепа Брена или Драгана Мирковиќ доволно зборуваат какава блескава иднина е пред младиот охриѓанец.

Како звучи и изгледа приказната во неговата најнова рок балада насловена „Горе од љубоморе“, проследете од видеото во продолжение…

 

To top