Бред Пит (62) во вторникот се појави во Лос Анџелес на проекцијата на неговиот нов филм „Heart of the Beast“. Актерот во студиото „Paramount“ делуваше опуштено и расположено, иако неговите односи со дел од децата веќе подолго време се нарушени, а неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли неодамна повторно зборуваше за нивниот семеен живот, пишува „Daily Mail“.

За настанот избра лежерна комбинација. Носеше индиго маица од брендот „Maison Margiela“, со детали кои потсетуваат на прсканици од бела боја, како и темносин шешир.

Комбинацијата ја надополни со избледени фармерки со крпеници и патики во боја на лимета. Имаше уредно потстрижена прошарана брада, а носеше и авијатичарски очила за сонце со необична, аглеста рамка.
Опуштеното појавување на Пит во јавноста доаѓа во период кога и понатаму многу се зборува за неговиот однос со децата. Тој и Анџелина Џоли имаат шест деца, три биолошки – Шајло (20) и близнаците Нокс и Вивиен (18) – и три посвоени деца, Медокс (25), Пакс (22) и Захара (21).
Неколку од нивните деца во последните години престанаа јавно да го користат презимето Пит, додека Шајло во 2024 година и официјално побарала тоа да биде отстрането од нејзиното презиме.
foto: screenshot/fb/Heart of the Beast/ tiktok/Brad Pitt site






