Радио Милева Борба со тремата

Сандра Булок за позирањето на црвениот тепих: „Се трудам да не правам смешни гримаси“

Сандра Булок за позирањето на црвениот тепих: „Се трудам да не правам смешни гримаси“

Сандра Булок откри дека ниту по деценија успешна кариера сè уште не се чувствува удобно на црвениот тепих. За непријатноста и паниката што ги чувствува за време на премиери и свечени настани зборуваше во разговор со нејзината пријателка Џенифер Анистон, но и за време на други неодамнешни јавни настапи. Актерката повторно се најде во центарот на вниманието поради промоцијата на филмот „Магија 2“, пишува People.

Во разговорот со Џенифер Анистон за Interview Magazine, 62-годишната Булок забележала дека својата колешка од филмот „Магија 2“, Никол Кидман, на црвениот тепих ја видела „можеби еднаш или двапати“ откако за првпат заедно глумеле во филм во 1998 година.

„Секогаш ме фаќа паника на такви настани“, се пошегувала актерката и продуцентка. „Знаеш колку ги „сакам“. Се чувствувам како срна пред фарови, се потам и се обидувам да не правам глупави гримаси.“

Оскаровката објаснила дека тешко се справува со својот јавен имиџ и 57-годишната Анистон ја нарекла една од своите „заштитнички“.

„Многу сум повлечена уште од детството. Со тоа ја излудував мајка ми. Тоа едноставно е дел од мојата личност“, рекла таа.

Анистон се согласила дека „црвените теписи и интервјуата се најтешкиот дел“, но Булок имала поинакво мислење.

„Интервјуата всушност ми се во ред. Проблемот е позирањето“, одговорила таа и се пошегувала:

„Сакам да бидам Зендаја, но никогаш нема да бидам Зендаја. Јас сум како чистачка на нејзините чевли. Таа е величествена.“

Булок и претходно зборувала за анксиозноста што ја чувствува на филмските премиери. Во 2018 година, за InStyle открила трик со кој ја одржува самодовербата.

„Не сум личност која знае да се „продаде“ пред камерите“, изјавила тогаш. „Се обидувам да ја канализирам Бијонсе. Секогаш ја заземам истата поза.“

foto: printscreen/instagram/sandrabullock

To top