Радио Милева лавина реакции

Антониа Гиговска со еден потег ги крена фановите на нозе: Многумина побрзаа да и пишат порака по она што осамна на „стори“

Антониа Гиговска со еден потег ги крена фановите на нозе: Многумина побрзаа да и пишат порака по она што осамна на „стори“

Популарната македонска пејачка Антониа Гиговска уште еднаш успеа да го привлече целото внимание на социјалните мрежи, но овој пат не поради нов музички хит или провокативна фотографија.

Во глуво доба, на својот Инстаграм профил, таа сподели порака која веднаш ги крена нејзините обожаватели на нозе и предизвика лавина од реакции.

Имено, младата музичка ѕвезда упати јавен и итен апел за помош, барајќи директен контакт со луѓе кои имаат специфична потреба.

„Имам преполни кеси со облека и чевли, ве молам исконтактирајте ме во DM доколку познавате некој на кој му се потребни“, напиша Антониа на црна позадина, додавајќи емотикон со склопени раце за молитва.

Она што веднаш ги поттикна коментарите и јавноста да почне да „шушка“ е мистеријата околу тоа чии се всушност овие парчиња облека. Дали станува збор за нејзини лични, скапоцени сценски креации и брендирани чевли кои со години ги гледавме на неа, или пак пејачката решила да помогне во чистење на туѓи плакари?

Атониа реши да не открива премногу детали, оставајќи ги фановите сами да го одгатнат потеклото на овие преполни кеси. Сепак, едно е јасно – зад оваа енигматична објава се крие едно огромно, хумано срце.

Во време кога секој брза по својот успех, Гиговска покажа дека не ги заборава оние на кои помошта им е најпотребна.

Множеби нема а знаеме кој ќе ги облече овие парчиња облека, но едно е сигурно – овој потег на Антониа е вистински пример дека најсјајните ѕвезди најсилно светат кога прават добри дела во тишина.

фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa

To top