Мегафон

Изложба по повод 15 години од Музејот на македонската борба за самостојност

Изложба по повод 15 години од Музејот на македонската борба за самостојност

НУ Музеј на македонската борба за самостојност ќе одбележи 15 години од основањето во четврток, 3 септември, со почеток во 19:00 часот.

Во чест на јубилејот ќе биде отворена ретроспективна изложба на плакати од реализираните изложби, како и презентација на избрани печатени изданија и каталози од
изминатите петнаесет години.

Во рамки на програмата ќе биде прикажана и видеопрезентација со архивски материјали од досегашните активности, како осврт кон изложбената, издавачката и програмската дејност на музејот.

-Јубилејот е потсетник на изминатите 15 години, вклучувајќи ги изложбите, проектите и соработките што ја одбележаа работата на музејот, стои во соопштението.

На свеченоста ќе бидат доделени благодарници на лица и институции кои во изминативе години ја помогнале и поддржале работата на музејот.

фото:Facebook / Музеј на македонската борба – Скопје

To top