Радио Милева солзи што не се кријат

Првпат во градинка, возбудени првоодделенци и веќе големи средношколци: Познатите Македонци со солзи радосници и многу емоции ги испратија своите најмили

Првпат во градинка, возбудени првоодделенци и веќе големи средношколци: Познатите Македонци со солзи радосници и многу емоции ги испратија своите најмили

Почетокот на септември секогаш со себе носи бран од нови почетоци, возбуда и по некоја солза радосница во секој дом, а исклучок не се ниту нашите познати јавни личности.

Социјалните мрежи деновиве буквално „прелија“ од емотивни фотографии, на кои познатите македонски родители со гордост го одбележаа овој голем ден за нивните семејства. Од оние најмалите кои за првпат со малку страв и многу љубопитност зачекорија во градинка, преку возбудените првоодделенци со ранци поголеми од нив, па сè до веќе пораснатите тинејџери кои застанаа пред прагот на средното училиште — познатите родители покажа дека пред родителските емоции сите сме исти.

Еден од оние кои го доживеаја можеби најемотивниот прв септември е познатиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано. Тој со своите следбеници сподели преслатка фотографија од неговото синче Марко, кој со син ранец на грбот и огромна насмевка за првпат зачекори во градинка. Со зборовите „1ви септември, прв ден во градинка на Марко“, Лозано им посака среќа и лесно на сите дечиња, а особено на новите првачиња, покажувајќи дека улогата на татко му ја донесе најубавата животна емоција.

Следната голема степеница во животот ја пречека и семејството на фронтменот на „Нокаут“, Никола Перевски – Пере. Тој и неговата сопруга Јована со многу возбуда ја испратија својата помала ќерка Софија како првоодделенка. Малата Софија со шарен ранец на грбот гордо зачекори низ вратите на Француското интернационално училиште во Скопје (EFIS), подготвена за првите големи училишни победи, додека нејзините родители не ја криеја среќата од овој важен чекор.

Првоодделенец во куќата веќе си има и нашата шармантна пејачка и водителка Јана Бурческа. Нејзиниот син Дарин официјално стана училишно дете, а Јана го овековечи овој момент со фотографија од него во училишната клупа, со прекрасен ранец со мотиви од популарната игра „Minecraft“. Возбуден и малку замислен пред новиот свет на буквите и бројките, малиот Дарин е комплетно подготвен за првата училишна година.

Првиот училишен ден донесе многу емоции и во домот на поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Влатко Гроздановски. На заедничката семејна фотографија, Влатко и неговата сопруга Христина позираа со своите ќерки, каде што една од нив, стилски дотерана и со ранец на грб, беше главната ѕвезда како возбудена првоодделенка која со нетрпение го чекаше првото училишно ѕвонче, ама исто и дада Мила.

За разлика од малите првачиња кои допрва ќе учат да пишуваат, во домот на познатата и омилена тв-водителка Елена Стојановска веќе се водат „посериозни“ муабети. Нејзината ќерка Илина веќе е голема девојка и официјално стана средношколка. Елена го одбележа овој момент на социјалните мрежи со преубава и длабоко емотивна илустрација од мајка која го носи своето бебе на раце, проследена со зборовите: „Од една годинка, до прва година средно. Среќно љубов моја“, топејќи ги срцата на сите кои знаат колку брзо лета времето додека децата растат.

Септември уште еднаш ни покажа дека годините минуваат како на филмска лента — од првите несигурни чекори до градинката, преку првите ранци во училишните клупи, па сè до тинејџерите кои веќе полека чекорат кон светот на возрасните. На сите овие прекрасни дечиња на нашите познати, но и на сите останати ученици во Македонија, им посакуваме успешна, лесна и исполнета со знаење и дружење нова учебна година!

фото:Instagram printscreen/Magnific/Chat Gpt

To top