Радио Милева врвна

Има два сина и совршено тело: Најубавиот „ангел“ ги вжешти мрежите во танга бикини

Има два сина и совршено тело: Најубавиот „ангел“ ги вжешти мрежите во танга бикини

Летната сезона на социјалните мрежи сè уште е во знакот на атрактивните изданија на светски познатите личности, кои редовно ги споделуваат своите магични моменти со милионската публика.

Меѓу оние кои привлекоа најголемо внимание деновиве е една од најубавите светски манекенки и долгогодишно омилено лице на престижниот бренд „Викторија Сикрет“, Кендис Свинпул.

Славниот модел уште еднаш докажа зошто ја носи епитетот на еден од најубавите „ангели“, објавувајќи серија жешки фотографии кои веднаш станаа главен хит на интернет просторот.Свинпул, која во јавноста е позната и како горда мајка на два сина, Анак и Ариел, ретко ги изложува своите деца на очите на јавноста, но затоа редовно споделува кадри од своите приватни и деловни ангажмани.

Овој пат, нејзината најнова фотокомпилација на Инстаграм буквално ја „разгоре“ имагинацијата на нејзините обожаватели.

Во фокусот на вниманието се најдоа фотографиите обоени во сини тонови, на кои манекенката ја покажува својата завидна и беспрекорна фигура во сино танга бикини.

За да добие вистински урбан и модерен изглед, таа на овој смел стајлинг додала и син дуксер со качулка, како и впечатливи црни очила за сонце.

Како што може да се забележи на нејзиниот профил, коментарите и пофалбите од фановите не престануваат да се нижат, а најголемиот дел од нив се согласуваат во едно – дека нејзиниот сексапил и природна убавина се едноставно безвременски.

фото:Instagram printscreen/candiceswanepoel

To top