Мегафон рок ен рол шампиони...

Скопскиот треш метал бенд „Conspiracy“ победи на 59. „Гитаријада“ во Заечар

Скопскиот треш метал бенд „Conspiracy“ победи на 59. „Гитаријада“ во Заечар

Треш метал бендот Конспираси“ (Conspiracy) од Скопје е победник на 59. „Гитаријада“ во Заечар, Србија.  Заечарската „Гитаријада“ е еден од најстарите рок фестивали во регионот, на кој скопскиот бенд годинава беше прогласен за најдобар состав од страна на стручното жири.  Најголем број гласови пак од публиката доби босанскиот бенд „Артерије“.

Годинашното издание на „Гитаријада“ се одржа од 27 до 29 август во Заечар, фестивал кој има традиција уште од 1966 година и е еден од најзначајните фестивали за млади и неафирмирани рок музичари во регионот.

Покрај натпреварувачкиот дел, публиката во трите фестивалски вечери имаше можност да проследи настапи на познати регионални имиња, меѓу кои Црвена јабука“, „Зостер“, „Лету штуке“, „Неверне бебе“, Горан Баре и „Мајке“ и „Дивље јагоде“.

Поврзани теми

To top