Мегафон џез, фанк, соул... концертна вечер

Четкар со винилно издание и концертен настап во „Јавна соба“ на 5-ти септември во Скопје

Четкар со винилно издание и концертен настап во „Јавна соба“ на 5-ти септември во Скопје

Македонскиот музичар, автор, и џез гитарист Владимир Василевски Четкар есенската концертна сезона ја започнува на 5-ти септември и тоа во Скопје, со свој настап во Јавна Соба (Public Room) каде ќе одржи концерт на зелената тераса.

За овој настап билетите можат да се набават онлајн по цена од 600 МКД на Tix.mk<

Вратите во Јавна соба се отвораат во 21:00 часот,  а концертот на Владимир Четкар е закажан да започне во 22:00 часот.

Инаку, консредината на месец август годинава,  австралиската музичка куќа M2MR Records, за светскиот пазар го издаде винилот на Владимир Василевски Четкар на кој се најдоа 4 негови селектирани композиции меѓу кои:  Ohrid, Don’t Make Me Wait, Heavenly и Ocean оf Love. Всушност се работи за  ремикс издание на прочуениот англиски ДЈ и продуцент, Доктор Пакер (Dr. Packer).

Винилот е достапен низ сите  еминентни музички продавници во светот кои продаваат винилни изданија како Јuno Records, Phonica Records, Strada Records, Deejay.de и многу други.

Излегувањето на ова ЕП е мошне важно, зашто издавањето на винилни изданија на македонски музички артисти од страна на странски музички куќи наменети за светскиот музички пазар е вистински раритет.

To top