Пејачката Едита Арадиновиќ се огласи на Инстаграм откако нејзината сестра Инди јавно ја „отпиша“ , и тоа во солзи. Неодамна, Инди Арадиновиќ имаше остри зборови за својата сестра и мајка, а сега Едита се огласи на Инстаграм за да сподели серија фотографии, вклучувајќи и видео од нејзиното плачење, и се осврна на целата ситуација.

„Беспомошна, чувствителна, тажна, среќна, лута, благодарна, исплашена и храбра, сè во исто време. Човекот е многу повеќе од само збор. Сите сакаме да се етикетираме едни со други и себеси, честопати несвесно, но тоа е невозможно. Не секоја личност и околност предизвикува исти емоции кај нас, нели?“ почна таа, а потоа продолжи со породувањето:
„Помина малку повеќе од еден месец од царскиот рез. Девет месеци бременост, операција, рана, болки во градите, доење, хормони, стравови и сосема нов живот. На жената понекогаш ѝ треба до една година за да се опорави, а оние околу неа често очекуваат сè веднаш да се врати во нормала. Додека сте лишени од сон, во болка и се обидувате да сфатите дали правите нешто како што треба, понекогаш дури и немате време да јадете, да се истуширате или да одите во тоалет на мира. Сè се променило и од вас се очекува да се однесувате како да не се променило.“
View this post on Instagram
Особено внимание привлече делот од објавата за кој многумина веруваат дека е упатен до нејзината сестра Инда, која ја шокираше објавувајќи дека нејзината „сестра и мајка починале“.

„Затоа е важно кого да пуштиме да ни се приближи кога сме најранливи. Опкружете се со луѓе околу кои не мора да бидете на штрек, оние кои нема да ве повредат дополнително кога сте слаби. Тоа е лекот за постпарталниот период. Имам среќа што сум опкружена со божествени жени кои ме подготвија и ако никогаш не сте целосно подготвени, доволно е некој да ве „види“ и да ве прегрне, со зборови, топлина, тишина“, напиша таа, додавајќи на крајот:
„Сепак, јас сум контрол-фрик и нема да го дадам бебето на никого. Тоа немојте. Денес сум подобро. Ненаспана, но исполнета. Сега дома го имам семејството што го барав со години. Велат дека домот е таму каде што си. И тоа е вистина.“
foto: printscreen/instagram/editaaradinovic







