Радио Милева личен фокус

Дневно расположение со доза ботокс: Тамара Тодевска на естетско „пеглање“?!

Дневно расположение со доза ботокс: Тамара Тодевска на естетско „пеглање“?!

Македонската поп пејачка Тамара Тодевска уште еднаш покажа дека ништо не остава на случајноста кога станува збор за нејзиниот беспрекорен изглед и сценски настап, па неделата ја започна со посета на познатата приватна клиника во Скопје и тоа во делот за естетика.

Тамара на социјалните мрежи сподели фотографија на која во рацете држи пакување од познатиот естетски препарат, кој всушност е наменет за измазнување на брчките и освежување на лицето.

Очигледно е дека „дневното расположение“ на нашата музичка ѕвезда е целосно во знакот на естетската нега и подготовката за сите предизвици што ја очекуваат периодов.

Инаку, Тамара деновиве е исклучително актуелна на домашната сцена по лансирањето на нејзиниот најнов студиски албум насловен „Кукла жива“, кој веќе е целосно достапен за слушање.

Проектот кој содржи хитови како „Драма квин“ и „Дива“ веќе собира одлични критики од публиката, а сите овие интензивни подготовки водат кон нејзиниот голем солистички концерт закажан за почетокот на октомври во арената „Борис Трајковски“.

Со нов албум во етер и свеж естетски третман, нема сомнеж дека Тамара ќе блесне во полн сјај и ќе приреди незаборавен аудио-визуелен спектакл за своите верни обожаватели.

Минималните естетски корекции и тремани веќе се далеку од табу, а транспарентноста на Тамара само дополнително го потврдува истото.

фото:Instagram printscreen/tamaratodevska

To top