Прилепскиот состав „Connect Band“ го прославува својот петти роденден на најубав начин, лансирајќи ја својата прва авторска песна и официјален видеоспот насловени „Води ме со тебе“.
Ова најново музичко остварување носи ведра, лесна и романтична летна енергија со ритмичен рефрен создаден за топлите денови, означувајќи го преминот на бендот во авторски води.

Зад музиката и аранжманот стои Петар Цветаноски, во соработка со Јордан Манов, додека текстот е дело на Весна Малинова.
Комплетната визуелна приказна и спотот се изработени од тимот на „Epik Visuals“ во режија на Љупчо Атанасоски, каде како модели се појавуваат Ангелина Наумовска и Виктор Ивановски.
Членовите на бендот изразија огромна благодарност до публиката за довербата во изминатите пет години.
фото: Printscreen/You tube






