Мегафон

Бројни културни настани неделава на „Кривопаланечко културно лето 2026″

Бројни културни настани неделава на „Кривопаланечко културно лето 2026″

Од денеска со петок Општина Крива Паланка организира бројни културни настани во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026″, музички и литературни настани за сите генерации.

– Пред нас е уште една недела исполнета со култура и разновидни настани. “Кривопаланечкото културно лето 2026” продолжува со богата и разновидна програма, внимателно креиран спој на музика, книжевност и визуелна уметност, со содржини за различни генерации и вкусови. Вечерва на летната сцена со почеток во 20 часот е концертот на Сашко Митов, “Од дамнина до денес”, утревечер во истиот термин е литературна вечер со настап на роднокрајни автори „Паланечка дума“, а во среда, 19 август, музичка вечер со Гоко Ѓорчев и Кате. На 20 август во Националната установа Центар за култура Крива Паланка ќе се одржи годишна изложба на членовите на ликовното студио, на 21 август е музичка вечер со DJ Vono, а на 22 август за љубителите на уметноста, изложба „Симбиоза – простор, време и музика“ од Роберт Цветковски, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Оттаму нагласуваат дека програмата нуди спектар од различни емоции, атмосфери и уметнички изрази што го збогатуваат летото и го претвораат градот во место на средби, дружење и култура, повикувајќи ги граѓаните да ја проследат и да уживаат. иб/вг/

Фото: плакат

To top