Радио Милева Роденденски времеплов...

Сестрата му го честиташе роденденот на својот брат со фотографии од детството: Можете ли од нив да погодите за која позната македонска дама се работи?

Сестрата му го честиташе роденденот на својот брат со фотографии од детството: Можете ли од нив да погодите за која позната македонска дама се работи?

Роденден… Денот што го чекаме цела година, на кој најмногу му се радуваме додека сме дечиња, но и потоа. Зашто како велат: „Годините се само бројка“, особено ако ти минуваат во безгрижен живот исполнет со здравје, среќа, радости, задоволства кои можеш да си ги приуштиш… А тие се семејство на кое тоа сега и тоа како им се може. Оти се има. Од каде и како – тоа е друга работа!

Но среќата секогаш не е во материјалните работи, туку велат многу повеќе во малите нешта. Оние од кои се исткаени спомените и сеќавањата, кои вечно остануваат во нас самите , во нашите мисли, да не следат додека сме живи.

А роденденот е токму убав датум, уште поубав момент да се потсетиме на среќата од минатото, да ги соподелиме спомените, особено низ фотографии. Кога уште се семејни, од времето кога сме биле деца. Безгрижни и среќни, а роденденот едвај сме чекале да ни дојде зашто ни носел радост како ретко кој ден во годината, тогаш спомените се уште посубави и послатки.

Токму со две такви фотографии сестрата му го честиташе роденденот на својот брат. На едната двајцата некаде на претучилишна возраст, простум застанати, насмеани и гушнати…

Втората ептен роденденска. Обајцата малку поголемки, свечено дотерани како ги дуваат свеќичките на роденденската торта.

И ништо нема необично во двете фотографии, освен дилемата: Дали успеавте да го препознаете малото девојченце – денес позната дама од светот на модата, некогашна модна блогерка, денес сопственичка на сопствен моден бренд и инфлуенсерка?

Ако се уште не ви текнува, последнава фотографија од овој роденденски времеплов со роденденска честитка на Љупка Митрова кон нејзиниот брат Ванчо, многу што ќе ви појасни!

Фото: Инстаграм/ljupka_mitrova/vanegna/AI Grok

To top