Жика Јакшиќ доби посебно место во срцата на милиони гледачи кои десет сезони секој викенд уживаат во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Во морето од изведени формати, публиката го засака Жика поради неговата спонтаност, а многумина не можат да го замислат ова шоу без неговите шеги и емотивни моменти.
Иако својата работа како водител ја работи од чиста љубов, тој признава дека е незаменлив на таа позиција.
– Водител сум од потреба. Затоа што јас го создадов шоуто и најдобро знам што сакам од него. Сигурен сум дека никој не може да ги задоволи моите барања и визија како што јас ја замислувам, па случајно станав водител – изјави Јакшиќ и додаде:
– Јас сум тој што сум и во реалниот живот и на сцената. Кога имам визија, одам кон неа.
А еве и дали се подготвува за снимањето и дали има однапред подготвена рамка која ќе го води во текот на шоуто.
– Тоа би изгледало вештачко. Има формати каде цел тим на луѓе се подготвува однапред, но тоа се’ покажува. Брзо размислувам и се случува само по себе, не се подготвувам. Доаѓам на шоуто со многу радост и едвај чекам да видам што ќе се случи. Дури и кога ги знам приказните на пејачот, секогаш има изненадувања и во тоа е шармот на шоуто бидејќи е спонтано – објасни Жика за Гранд.
фото:Instrgam printscreen/ Nikad nije kasno