Големата прослава на првиот роденден и крштевка на малата Арија, ќерката на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, собра бројни познати личности, а меѓу гостите беше и пејачката Милица Тодоровиќ.

Милица на церемонијата пристигна со насмевка, а во таа пригода ѝ упати најдобри желби на малата славеничка.
– Многу среќа, здравје… Многу убав живот, нека биде весело девојче и најважно – здраво! – рече Милица.

Со оглед на тоа што прославата собра голем број пејачи, неизбежното прашање беше дали ќе го земат микрофонот и ќе ја разубават атмосферата. Милица за тоа немаше дилема.
– Секогаш сум првата што пее. Што и да се случи, јас ќе пеам – рече таа со насмевка.
Пејачката неодамна стана мајка на момче, па се појави прашањето кога би можела да организира голема прослава за својот син. На што таа одговори кратко и со насмевка:
-Здравје боже, ќе биде, полека.
Инаку, Милица за настанот избра исклучително смел црн фустан со длабоко деколте и висок шлиц.

Милица откри и дека нејзиниот наследник е сè уште премногу мал за да оди на вакви настани со неа.
– Тој е сè уште мал. Денес наполни седум месеци, па… Сè уште е бебе – рече пејачката.
Foto: print screen/Instagram/todorovic.star






