Македонската поранешна ТВ водителка и последниве години можеби и најпозната македонска инфлуенсерка Миа Костова, покрај сето останато е и мајка. Тое е оддамна познато, зашто нејзиниот син Андрија сега веќе порасна во големо 13 годишно момче.
Но, она што е помалку или сосема е непознато е како тоа мама Миа се справувала со сите предизвици што ги носи мајчинството, од породувањето, па се’ до денес кога нејзиниот син е на пат да стане вистинско мажиште. Особено што русокосата важи за самохрана мајка, која своето дете го чува, подига и воспитува самата.
Мама Миа е доста транспарентна во однос на родителството, така што сега многупари открила разни моменти од свое искуство.
Патот на секој родител, особено секоја мајка е тежок и бара многу себевложување и уште повеќе жртви и откажувања, но на крај ако Бог даде и се биде в ред, резултатот и тоа како се исплати. Не во пари, туку во среќа, радост и гордост… А има ли нешто поголемо од тие возвишени чувства?
Она што ниедна жена мајка не заборава, е периодот на временоста, ехо- скрининзите, месеците по бременост, породувањето…
Токму на овие моменти Миа ги собра како фото- калаж од својата објава на „стори“ и не ги потсети следбениците и себе како беше во тие денови.
Но, мајка не е мајка само кога си бебе или малечко детенце, мајката е мајка цел живот. Сепак, кога си најмал, тогаш сигурно ти е најпотребна.
фото:Instagram printscreen/miandrija