Драгомир Деспиќ Десингерица важи за еден од најконтроверзните изведувачи на српската сцена, а неговите настапи веќе со години предизвикуваат бура во јавноста. Публиката ја шокираше со потези како удирање со патики, плукање, рендање кашкавал по глава и шишање на посетителите, поради што неговите концерти неретко се претвораат во вистински спектакл на работ на инцидент.
Посебна загриженост предизвикува фактот што неговите настапи во голем број ги посетуваат тинејџери, па во Црна Гора сега се огласија граѓани кои бараат да му се забрани настапување. Покрената е и петиција, а нејзините потписници сметаат дека таквото однесување не би требало да се промовира пред младата публика.
На профилот посветен на промоција на природните убавини на Црна Гора се појави петиција со која се бара забрана за настап на Десингерица. Повод за новата бура беше неговиот неодамнешен настап во Будва, за време на кој на бината со машинка шишаше момчиња од публиката. Снимките од овој потег набрзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа лавина реакции.
View this post on Instagram
Додека дел од публиката неговите постапки ги гледа како дел од контроверзниот сценски настап, други сметаат дека овој пат ја преминал границата и дека на таквото однесување не му е место на настани кои во голем број ги посетуваат младите.
– Пружаме полна поддршка во оваа борба и ги покануваме сите да го направиме она што е во наша моќ. Оваквото однесување кон тинејџерите најостро го осудуваме. Како знак на нашиот став, на тоа лице му забрануваме влез во нашите објекти. Можеби никогаш нема ни да дојде, но ако сите покажеме ист став, нема да има каде да дојде – пишуваше во објавата на Инстаграм страницата, а во продолжение додадоа:
– Доста е со нормализација на содржини и однесувања за кои сметаме дека не се примерени за деца и млади. Додека се трудиме да ги зачуваме вредностите кои предците ни ги оставија, да ги негуваме нашата традиција, култура и светињи, веруваме дека мораме да ги заштитиме и нашите деца од содржини и идоли кои ги сметаме за штетни.

Да потсетиме, барањата на пејачот да му се забранат настапите во Црна Гора не се новост. Контроверзниот репер и претходно се наоѓаше на мета на слични иницијативи, а на приказните за забраната своевремено одговори без задршка и испрати јасна порака до сите кои сакаат да го тргнат од сцената.
– Јас сум национално богатство таму. Јас на тоа гледам како на своја втора куќа и плачам кога не можам да отидам таму. Сега ја работам Хрватска, 10, 15 дена, а потоа одам во Европа. Што се однесува до откажувањата и тоа, тоа е една пуста желба. Вистина е дека не настапував на Топ Хил, од причини што за тој клуб сè беше променето. Кога замина мојот менаџер пред настапот, бидејќи ја работев Хрватска и не можев да стигнам, ним им рекоа дека тој закон е променет поради мене. Кога следниот ден стигнав таму да видам за што се работи, но буквално стигнав еден час пред затворање на СУП (полицијата), тие жени не знаеја каде да гледаат, тие што работат таму. Ми рекоа дека сè е променето поради мене, и дека главата им пука. Но, разликата е, бидејќи и во тоа нема проблем, кога ги почитуваш законите на една држава. Ние ѓубрето го фрламе во канта, не се дрогираме, ние сме чисти, целата моја екипа и јас – раскажа тој.

– Ова се желби на некои луѓе, кои сакаат да соберат некои поени. Но нема да ги соберат. Народот е битен, бајо (братко). Доаѓаш кај мене на настап и гледаш. Десингерица никаде нема забрана. Бања Лука, ја нема, иде гас, Црна Гора, ја нема, гас. Нема забрана, тоа се пусти желби на овие душмани, но нема врска, јас не се лутам, нека си го тераат своето. Јас не се лутам. Мене тоа ме забавува и ме исполнува. Читам дека сум забранет, а јас на плажа, ми работи телото. Јас сум пијан, од розе, ми работи телото, рататата – рече Десингерица пред две години.
Патем…контроверзниот српски изведувач Драгомир Деспиќ – Десингерица има закажано свој голем летен настап во Македонија, поточно Охрид на 5-ти ангуст.
фото:instagram printscreen/dragomirdespic_design






