Радио Милева опасна поза

Водителката „ги пикна“ градите најблизу до камерата, а кадарот не е за оние со слабо срце

Водителката „ги пикна“ градите најблизу до камерата, а кадарот не е за оние со слабо срце

Водителката Ена Попов ја разгоре фантазијата на следбениците на социјалните мрежи со провокативни видеоснимки и фотографии.

Ена позираше во фустан припиен до телото во светлорозова нијанса со златни детали, кој во прв план го истакна нејзиниот тесен струк и фигурата на песочен часовник. Сепак, најголемо внимание привлече бомбастичното деколте кое во неколку наврати, додека Ена Попов се наведнуваше кон камерата, ги остави следбениците без здив.

Шармантната новосаѓанка со широка насмевка ја покажа и новата фризура. Комплиментите на сметка на нејзиниот изглед, бујните облини и харизмата не престануваат да се нижат, а многумина се согласуваат дека Ена никогаш не изгледала подобро и посамоуверено.

Водителката долго време водеше битка со килограмите, но беше истрајна во одлуката да ослабе, па се препушти во рацете на експерти и со помош на мезотерапија успеа да симне дури 20 килограми, а линијата ја одржува со напорни тренинзи.

– Како многу млада се соочив со коментари за мојот физички изглед и ми беше криво кога ќе прочитав некои од нив. Тогаш немаше ниту цензура, ниту портали, туку само форуми од кои не можеа да се бришат коментарите. Никој не можеше да нè заштити на интернет. Се водев од тоа дека е важно да ме сакаат луѓето кои ми се битни, меѓутоа, сето тоа некаде се таложи и денес гледам дека некои кои коментари влијаеле на мојата самодоверба – раскажа своевремено Ена, која денес не ги пропушта тренинзите.

фото:Instagram printscreen/enapopov

To top