Љубов и секс

Во што се заљубуваат мажите: Што најмногу ги привлекува кај жените

Во што се заљубуваат мажите: Што најмногу ги привлекува кај жените

Зошто мажите се заљубуваат во една конкретна жена? Дали се работи за добар момент, квалитети или само хемија?

Или како што жените би си го поставиле – Зошто баш во мене, а не во некоја друга?

 

Чувството дека може да ја усреќи

„Она што мажите и жените го сакаат е исто – сакаат поврзаност, привлечност и страст. Мажот бара жена со насмевка. Се поврзува со неа кога ќе почувствува дека ја прави среќна. Жената би требало помалку да се грижи за тоа како да го направи посреќен, бидејќи мажите се најсреќни кога нивната партнерка има широка насмевка.“

 

Начинот на кој се чувствува покрај неа

„Мажите се заљубуваат во жени кои прават да се чувствуваат како јунаци. Кога се чувствуваат прифатени, ценети и сфатени, тогаш се само нејзини.“

 

Сакаат жени кои се отворени за љубов

„Мажот се заљубува само ако види сигнали дека жената е подготвена за љубов. Вториот клучен елемент е почитта и за него и за себе. Мажите сакаат кога жените се свесни колкава љубов заслужуваат. “

 

Искрено запознавање

„Одговорот не е баш најзабавен, но мажот се заљубува кога ќе сфати дека неговите емоции се дојдени до критична точка. После долго поминато време со таа жена, доколку сфати дека е љубезна, приврзана, верна, забавна, позитивна и харизматична, еден ден ќе си помисли о, па јас ја сакам оваа жена. Можеби нема да знае точно зошто, но неговото срце и мозок ќе ја гледаат на еден многу подлабок начин.“

 

Подготвена е да ја прифати играта наречена живот

„Да пронајдеш личност која се вклопува во твојот начин на живот е посебно важно. Можеби мажите сакаат скоцкани и дотерани жени, но не за долго. Подготвеноста на една жена да ги прифати животните предизвици, да проба егзотична храна, да проба некој екстремен спорт или да прошета по некои места кои не се клише ќе влијае на тоа мажот да се заљуби.“

Извор: попара

To top