Радио Милева коментар

„Во овој бизнис, дамите мора да се извалкаат!“ Сања Вучиќ откри низ што минуваат пејачките на патот до успехот

„Во овој бизнис, дамите мора да се извалкаат!“ Сања Вучиќ откри низ што минуваат пејачките на патот до успехот

Откако Данијела Ритан, учесничка во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапи во последното емитување од овој ТВ формат, особено се издвоија коментарите на пејачката Сања Вучиќ и рокерот Ѓорѓе Давид.

– Кога станува збор за Данијела, мојата единствена забелешка е што си премногу резервирана, премногу редуцирана, средена, премногу дамска за песните што ги одбра. Нина Бадриќ е тешка, се бореше низ тоа, но во последната рунда беше полуда, поентузијастична, поенергична – истакна Ѓорѓе.

Сања се согласи со него, додавајќи дека „дамите“ денес не се снаоѓаат на музичката сцена.

– Данијела, беше одлична, мислам дека беше за шест, беше точна.
Ѓорѓе е донекаде во право, ти си дама, но за оваа работа треба малку да се извалкаме – објасни Вучиќ на кандидатката.

фото: printscreen/instgaram

To top