Принцезата Дајана е инспирација за жените ширум светот, но за овие три млади жени нејзиниот моден ген е во крвта – затоа што го наследиле непогрешливиот стил од својата тетка.
View this post on Instagram
Станува збор за дамите Кити Спенсер и нејзините сестри близначки Амелија и Елиза. Тие се внуки на принцезата Дајана, а Амелија и Елиза докажаа дека тој моден ген живее кога заблескаа во божествени креации на „Chelsea Flower Show“. И двете ги покажаа своите модни вештини и како и секогаш, и двете изгледале подеднакво шик.
За оваа пригода, 31-годишните близначки избрале миди фустани од канадско-британската дизајнерка Еделин Ли. И Амелија и Елиза Спенсер го имплементирале истиот стилски трик – балансирање на едноставни детали со оние малку поинтригантните. За Амелија тоа е комбинација на фустан во боја со неутрални аксесоари, а за Елиза е ставање акцент на боите со морнарски изглед.
View this post on Instagram
Амелија носела фустан од 1200 фунти од наведената дизајнерка, чанта „Jimmy Choo“ од 895 фунти и сребрени сандали од 1000 долари.
Елиза избрала спротивен пристап – таа го надополнила монохроматскиот кимоно фустан од 1015 фунти со „Chanel“ чанта во необична зелена нијанса.
И двете изгледале прекрасно! Ние дефинитивно ги додаваме овие две изданија во својата летна инспирација (се разбира по пониска цена), заедно со безвременскиот стил на нивната тетка, принцезата Дајана.
фото:Instagram printscreen/ ameliaspencer15/ lady.diana._