Влатко Стефановски, виртуозот на гитарата, годината во која одбележува 50 години од својата импресивна кариера ќе ја памети и по својата лондонска авантура. Распродадениот клуб Dingwalls 2 во лондонскиот кварт Камден и снимањето во легендарното студио Abbey Road го сумираат неговиот петдневен престој со тимот на Croatia Records.
Новиот проект кој беше успешно реализиран опфати снимање во Abbey Road Studio Three во кое Влатко Стефановски со Јан Стефановски на тапани и Тихомор Хојсак на контрабас снимија дури дваесет и две песни меѓу кои и Where My Guitar Gently Weeps, на Битлси, една од најголемите групи на сите времиња. Песната е избрана токму како посвета на просторот и дел од историјата што го одбележа четворката од Ливерпул.
„Нашето лондонско искуство полека се заокружува. Имавме пет магични денови. Во култното студио Abbey Road, ги посетивме сите ходници, ги видовме сите инструменти и, да кажам, светите места каде што работеа Битлси.
– Во Abbey Road Studio Three пеев на микрофонот на кој еднаш пееше Ејми Вајнхаус, тоа е голема мотивација да снимиме на вакво место, за два дена, Хојсак беше Горан Мартинац заврши еуфорично, па го прославивме трудот и енергијата што ги оставивме во студиото во мензата каде што седеа Битлси и многу други музичари“, рече Влатко Стефановски, сè уште под импресии од минати настани.
– Тоа е огромна мотивација да се снима на вакво место, а исто така е и ретко искуство. Успеавме да снимиме дваесет и две песни за два дена, Јан на тапани, Хојсак на контрабас и јас на гитара. Тон мајстор беше Горан Мартинац.
На крајот сè заврши еуфорично, па го прославивме трудот и енергијата што ги оставивме во студиото во кантина каде што седеа Битлси и многу други музичари“, дополни Влатко Стефановски.
Распродадениот клуб Dingwalls 2 беше дополнителен мотив за ова трио да го даде својот максимум на концертот, а публиката на најдобар можен начин им возврати. Задоволството од музиката беше обострано.
– “Концертот беше незаборавен. Публиката пееше во еден глас со нас. Беше извонредно и магично. Дома се враќаме уморни, но крајно задоволни и благодарни на тимот на Кроација рекордс што ни го овозможи ова музичко патување”, додаде Стефановски.
Ексклузивноста на еден ваков специјален проект да биде комплетен се погрижи видео тимот на Croatia Records, кој го документираше снимањето на албумот и концертната атмосфера.
Последниве години најчесто настапува со синот Јан на тапани и со Иван Кукиќ на бас, под името Влатко Стефановски Трио. Со преку 15-ина самостојни албуми и бројни филмски и театарски проекти, Влатко ја покажа својата неверојатна способност да обединува различни музички жанрови и уметнички изрази.
Автор е на музика за три современи балети и седумнаесет играни филмови. Од особена важност е неговата соработка со Лондонскиот симфониски оркестар, а оваа најнова лондонска авантура секако ќе има посебно место во неговите мемоари.
Фото: Зоран Веселиновиќ