Радио Милева Заминува од Македонија?

Весна Бејби Петрушевска донесе една од најтешките одлуки во својот живот: „Искрено, се изморив“!

Весна Бејби Петрушевска донесе една од најтешките одлуки во својот живот: „Искрено, се изморив“!

Актерката Весна Петрушевска или популарната Бејби која речиси секојдневно на своите профили на социјалните мрежи споделува детали од професионалниот живот и приватноста, овој пат на своите Фејсбук и Инстаграм се огласи со една вест што изненади многумина. За некои шокантна, за други очекувана, зас трети изнудена… Но, каква и да е секако е тешко кога треба да пресечеш и донесеш вака важна одлука. Болна, како и при секоја разделба со нешто што ти е важно, што сам си го создал, градел и раснел од самиот почеток и донел до респектабилно ниво.

Имено, актерката после 30 години работа реши да ја затвори својата актерска школа, за што ја извести јавноста.

Огорчена и револтирана заради не гледањето иднина за децата – нејзини ученици, идни млади актери или заради вистински „замор на материјалот“ по сите овие години или можеби и двете работи и уште нешто поврзано со нејзиното кревко здравје, Бејби се решила на ваков чекор. Нималку лесен, гледано од било кој аспект.

Но она пак што го наговестува во својата објава, е нешто што веќе започна да го работи како нов сегмент од нејзината идна театарска професија – режијата. И самата тоа го обзанани во поткастот „Ништо лично“, откако во нејзината нова професија се опроба со режијата на претставата „Бог на колежот“ која се играше во МНТ.

Сепак, разделбата од своето „едукативно-театарско чедо“, актерската школа за деца, очигледно тешко и паднала, што се забележува и од нејзината објава на социјалните мрежи.

Но, секој крај е и нов почеток, за нешто, што веруваме дека Бејби исто толку, па дури и многу повеќе успешно ќе го прави во својата нова професија – режијата!

„Овие денови ја донесов една од најтешките одлуки во мојот живот, а тоа дека ја затворив @akterskashkolapetrushevska после 30 години. Израснав генерации, снимавме серии, емисии, кратки филмови, играни филмови, претстави,последниот успех e дека од 2000 деца моите Нади и Максим ќе бидат новите херои на @svetotnabibi. Школа која имаше недостижен успех, критериум и посветеност. Искрено се изморив и пoчуствував дека треба да се посветам на режија, на големи проекти вон Македонија, на љубов и насмевки, на мојата Мина која го носи мојот товар. За тоа дали воопшто се почитува моето наследство што го оставив на илјадници деца ќе каже времето. Дали оваа работа се почитува кај нас ? Големо НЕ‼ Факт‼ Дали младите глумци имаат иднина кај нас? Исклучително тешко. На само 442 км од тука се снима и се гине на сет. Тука работат и имаат шанси. Јас мојот долг кон Македонија, кон МНТ, ТВ, филм, продукција на формати и креирање одамна го реализирав. За 10 животи. Време е за мојот живот и за пoчеток на големи приказни на кои искрено се радувам. Денес после многу години почнав да чувствувам ветар. Благодарна за секој миг. Децата ќе си го најдат патот секако сами. Љубов и добрина ви посакувам“ – споделила актерката и новопечен македонски режисер, Весна Бејби Петрушевска.

Фото: Инстаграм/vesnapetrushevska

To top