Пејачката Теа Трајковска повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако сподели провокативни фотографии од одморот во Анталија, Турција. Теа таму несомнено ги наполни батериите, а на „жешките сликички“, како што самата ги нарекува, зрачи со самодоверба и уште еднаш потврди зошто важи за една од најатрактивните дами на македонската сцена.

На една од фотографиите таа позира во костим за капење, свртена со грбот кон камерата, при што во преден план доаѓаат впечатливите тетоважи долж рбетот.

Во оваа прилика, Теа избра и една смела модна комбинација, тесен бел корсет кој го открива нејзиниот стомак и ја нагласува нејзината фигура, во комбинација со проѕирни гаќички од тантела.

Со овие провокативни кадри, Трајковска уште еднаш го привлече погледот на јавноста и ги освои реакциите на своите следбеници на социјалните мрежи.

Пејачката сподели премногу контент на кратката приказна и секако токму поради тоа не престана да го привлекува вниманието на обожавателите.
Foto: print screen/Instagram/theatrajkovska





