Цеца Ражнатовиќ пред нејзиниот настап во Црна Гора, откри дека веднаш по деловните обврски ќе отпатува кај ќерка си за првпат да го види внукот.
За време на разговорот пред камерите на „Гранд“, ѝ заѕвони телефонот, а од другата страна беше нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ.

Цеца со насмевка му се јави на својот наследник, кој ја искористи можноста преку телефон да ги поздрави присутните медиуми и во својот препознатлив стил да порача:– „Поздрави ги сите од мене. Ражнатовиќи прават и раѓаат синови“ – рече Вељко, на што Цеца низ насмевка се надоврза:
– „Таа е Гудељ.“
View this post on Instagram
Мама Цеца го „пресече“ Вељко, иако тој спомена и „раѓаат“, мислејќи секако на неговата сестра Анастасија. Но Цеца сакаше да биде коректна во целост, напоменувајќи дека Анастасија е веќе Гудељ.
фото:instagram preintscreen/cecaraznatovic





