Радио Милева во сеќавање...

Вака Владо Јаневски зборуваше за својот самотнички живот… „Да не е музиката не знам што би правел“ (видео)

Вака Владо Јаневски зборуваше за својот самотнички живот… „Да не е музиката не знам што би правел“ (видео)

Македонската музичка сцена остана без еден од своите најзначајни автори и интерпретатори – Владо Јаневски.

Неговите песни одбележаа цели генерации, а неговото творештво ќе остане трајно врежано во македонската музичка историја.

Иако не многу сакаше да го има во медиумите, кога се појавуваше тоа го правеше со стил, брутално искрен за она што навистина беше приватно.

Днешното (понеделниочко) издание на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ му е посветено нему со едно од таквите гостувања пред камера каде зборува за својот самотчки живот и тоа дека музиката му е се’.

-Јас сум самотник. Јас сум волк самотник. Немам блиски, ни жена, ни деца, ни куче, ни маче. Да не е музиката јас не знам што би правел. Мене ми е … од сабајле до вечер, книгите, филмовите и музиката ми се дел од секојдневието. Тоа е начин на кој што јас го живеам мојот „сингл“ живот. Значи ако немам блиски, немам близок човек кој што го викам свој, ама затоа имам многу луѓе кои што се на полиците како писатели, своевремено зборуваше тој.

Според неофицијални информации кои веќе кржат во медиумскиот простор, причината за прераната и брза смрт кај пејачот била опаката болест канцер.

Целото интервју на Владо Јаневски вечер на „Бекстејџ“…

фото:Instagram printscreen/backstage_macedonia

To top