Радио Милева никогаш пак

Цеца искрено за трансформациите на изгледот: „Се преплашив кога се видов“ (видео)

Цеца искрено за трансформациите на изгледот: „Се преплашив кога се видов“ (видео)

Српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ не преферира да прави промена на имиџот, а тоа е така зашто искуството ја научило дека е најдобро да си биде во својата комфорна стилска зона.

Таа во емисијата „Ако проговорам“ кај Гоца Тржан откри за што најмногу зажалила и зошто никогаш повеќе не ја видовме таква:

– Јас нешто си замислив дека треба да направам драстична промена. Знаете кога сте незадоволни од нешто друго, затоа удирате по косата! Сакав да бидам русокоса, ете… Цел живот сум црнка! – рекла Цеца на почетокот на разговорот со Гоца.

– И јас така поминувам покрај огледалото, откако ја обоив косата и се преплашив како изгледам. Само што помина концертот на Ушќе, и реков на фризерката: „Да ме обоиш во гавран црно!“… Никогаш повеќе не експериментирав, само оние потоплите бои, на кафеаво, што ми стојат – истакнала Цеца.

фото:You Tube printscreen/ K1 Televizija

To top