Радио Милева магија во душа

Тина е дома: Сонот на мама Александра Јанева стана јаве

Тина е дома: Сонот на мама Александра Јанева стана јаве

Познатата струмичанка, поп- пејачката Александра Јанева, минатата недела поточно на 28.Мај се оствари во најубавата улога за една жена – стана мајка.

Јанева на свет донесе здраво и живо девојче кое го доби името Тина и веќе една недела е целиот свет за мама и тато Иван.

Неописливата радост и неизмерна среќа откако ја зема во раце, Александра сакаше да ја пренесе и да им ја покаже на сите, па во првата објава каде обзнани дека Тина веќе дојде на овој свет напиша:

-Ти си доказ дека љубов постои.
Цел наш свет собран во овие дланки.
Тина
28.05.2026

Магијата од она што значи суштина на животот дополнително се мултиплицираше и откако бебенцето си дојде дома, а за мама и тато сонот стана јаве.

При заминувањето од породилиштето, традиционално се фотографираа со бебето во транспортерот, а гордите родители со насмани лица кои се топат од „среќа“.

„Тина е дома“ – стои и од следната фотографија каде се гледа специјално навезеното розово ќебенце каде спие малата принцеза.

Инаку, бебето се роди само три дена по роденденската прослава на пејачката кога таа на 25. Мај, наполни 31 година која отпочна со ново животно поглавје.

фото:Instagram printscreen/aleksandrajanevaofficial

To top