Радио Милева досега непознато

Теа Таировиќ се исповеда кај Лазаров за своето потекло од каде ги носи корените (видео)

Теа Таировиќ се исповеда кај Лазаров за своето потекло од каде ги носи корените (видео)

Пејачката Теа Таировиќ привлекува големо внимание откако се појави на музичката сцена, а сега проговори за непознати детали од нејзиниот живот.

Имено, Теа при посетата на Македонија пред концертот за кој наедно дојде и да го најави,  таа гостуваше во подкастот на Стефан Лазаров, а се присети на раното детство, растењето и кога зачекори на естрадата.

Во текот на разговорот таа откри дека има ромски корени, а потоа ја допре и темата за нејзините родители и нивните професии.

 

– Мајка ми е вистинска жена Лав, таа е многу доминантна фигура во мојот живот. Таа е ТВ лице и новинар. Работеше на две телевизии, едната беше во Нови Сад, а другата беше во Босна и Херцеговина… Имаше своја авторска емисија, работеше напорно и посветено. Верувам дека беше исклучително тешко, немаше социјални мрежи, се беше многу потешко… – изјави Теа и откри на што е особено горда:

– Можам да се пофалам дека имам едно богатство во крвта што се однесува до мојата етничка припадност. Татко ми има одреден процент ромско потекло и тоа дефинитивно му дава богатство во неговиот талент, а потоа и во мојот. Оваа година во јануари бев на Светскиот бал на Ромите во Скопје и беше прекрасно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

Теа откри и дека кариерата ја градела исклучиво со посветена работа, но и кои се нејзините цели и идни планови.

– Кога ја започнав мојата кариера, од самиот почеток се градеше од уметност, музика, танц… Никогаш не нагласив етничка припадност… Верувам дека како уметник треба да припаѓаш на народот, а не на која било раса или етичка група… Јас сум првиот и единствениот изведувач кој стави 11 балкански знамиња во својот спот за песната „Балканија“… Ако некаде треба да се спомене етничката припадност, верувам дека е исклучиво во служба на ширење љубов – рече пејачката.

фото: Instagram printscreen/ You Tube/ LAZAROV

To top