Познатиот милионер објави фотографија на Инстаграм со коментар дека тоа е неговата ќерка, манекенката Џиџи Хадид. Но, таа не беше на фотографијата.
„Изгледа како да излегла од музејска рамка. Класичен момент на Хадид“, напиша Мохамед Хадид покрај фотографијата, мислејќи дека е неговата ќерка Џиџи Хадид и брзајќи да го пофали нејзиниот изглед од неодамнешната Мет Гала.
Кога ја сфати својата грешка, ја избриша објавата, но некој успеа да го сними киксот, кој сега се споделува онлајн.

Џиџи Хадид не само што ја нема на фотографијата објавена од нејзиниот татко, туку сликата е и лажна, односно резултат на вештачка интелигенција.
На Мохамед Хадид го советуваа внимателно да ги погледне фотографиите пред да ги објави на својот профил или да провери со неговата ќерка Џиџи дали се нејзини фотографии или не.
Printascreen/Instagram/mohamedhadid







