Радио Милева емотивно и искрено

Тамара за најдобрите работи во својот живот: „Дарен е една од нив, зашто за малку немаше да се роди“ (видео)

Тамара за најдобрите работи во својот живот: „Дарен е една од нив, зашто за малку немаше да се роди“ (видео)

Во последното и најново викенд издание на телевизиското шоу „Голден карпет“ со Миро Кацаров, гостинка беше популарната пејачка Тамара Тодевска. Почетокот на разговорот неминовно стартуваше за кобниот 16-март, загубата на 60-тината млади луѓе, меѓу кои и колегите на Тамара.

Пејачката со солзи во очите зборуваше за трагедија и тоа дека нејзиниот хуманитарен концерт закажан за 8-ми мај е во фаза на подготовки, а датумот е променет поради аранжманите на песните кои ќе бидат изведени на сцената на МКЦ. Тамара напонема и дека ова нема да биде журка, туку напротив, интимна и емотивна атмосфера.

Во речиси еден час емисија Миро и Тамара разговараа на теми околку кариерата, па и приватноста, прашања од кои откри кои се најдобрите работи што и се случиле во животот, а за кои веднаш одговори дека тоа се нејзините деца, особено Дарен.

-Морам да признаам дека Хана и Дарен ми се едни од моите две најдобри одлуки во животот. По готово Дарен, зашто Дарен за малце немаше да се роди, кажа Тамара дополнувајќи се дека тогаш не била подготвена да стане мајка по вторпат.

Таа откри дека во тоа време сметала дека втората бременост е избрзана по две години откако се родила Хана, но од денешна перспектива, доаѓањето на свет на Дарен е благослов.

За потсетување, хуманитарниот концерт на Тамара Тодевска е закажан за 8-ми мај во Младинскиот културен центар од 20 часот. Собраните сретства од влезниците ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во Кочани, а целата акција ќе биде синхронизирана според потребите во кои увид имаат од здруженитето „Support Kocani“.

фото:facebook/ Tamara Todevska

To top