Промотер

Тамара Тодевска и Young Dadi имаат заедничко – „Его“ (ВИДЕО)

Тамара Тодевска и Young Dadi имаат заедничко – „Его“ (ВИДЕО)

„Его“ е насловот на новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот (т)рап артист Young Dadi.

Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текстот е напишан од Dadi. Станува збор за динамична поп мелодија, која е надополнета со интересен спот во кој доминираат двајцата артисти.

„Среќна сум што навистина после повеќе години објавувам песна, која е дует, односно соработка со друг артист. Dadi е дел од помладата музичка сцена. Го следам подолго време, ми се допаѓа неговата работа и секогаш сакам да дадам поддршка на наши домашни млади артисти. Снимањето на спотот го завршивме за еден ден. Снимавме целодневно и навистина уживав во креирањето на целиот проект“, вели Тамара за создавањето на „Его“.

Dadi вели дека секогаш пишува за моменти во кои учествувал. Преку зборовите сака да пренесе свои лични искуства и тоа е причина повеќе за да верува во песната.

„Ова е прва моја соработка со музичар како Тамара Тодевска, која е една од нашите најдобри и најпродуктивни пејачки, активна десетици години на македонската и регионалната музичка сцена. Можам да кажам дека е навистина убаво и поинакво искуство за мене. Како во процесот на снимање на песната во студио, така и во продукцијата на самиот спот. Верувам дека песната ќе биде хит и ќе го одбележи овој период пред летото“, вели Dadi.

Како звучи и изгледа нивното заедничко „Его“ погледнете во видеото кое го потпишува „Такат студио“ во режија на Генч Халими:

To top