Радио Милева за семејниот албум

Тајзи по четири дена го однесе синот Захраиј дома, а еве ја и фотката за спомен од породилиште

Тајзи по четири дена го однесе синот Захраиј дома, а еве ја и фотката за спомен од породилиште

Откако изминатиот викенд откри дека се оствари во улогата на татко за првпат, познатиот кумановец, музичарот Драган Величковски – Тајзи е на седмо небо.

Веќе добропознато е дека неговата сопруга Ангела му дари рожба на машко чедо на кое му до дадоа името Захариј.

Драган Величковски Тајзи стана татко: „Ова е најубавиот ден во нашите животи“

Сега, по четири дена поминати во породилиштето на една приватна скопска болница, дојде време гордите родители со полни раце и срца да си го земат бебето и да го однесат дома.

Тајзи според се’ што видовме досега, ужива на сите да им ја покаже својата среќа, па и со фотката за одење кон дома од породилиштето.

Момент кој повеќето сакаат да го овековачат за да остане засекогаш од семејниот албум.

За потсетување, Тајзи сподели и дека присуствувал на чинот од породувањето што му овозможило непосредно да ја доживее оваа животна пресвртница. Тој јавно ја изрази својата почит кон мајките, именувајќи ги како најсилни суштества, со посебен акцент на восхитот кон неговата сопруга Ангела.

фото: Instagram printscreen/ tyzee_tajzi/Gemini(AI)

To top