Радио Милева честитки!

Драган Величковски Тајзи стана татко: „Ова е најубавиот ден во нашите животи“

Драган Величковски Тајзи стана татко: „Ова е најубавиот ден во нашите животи“

Македонскиот музичар, кумановецот Драган Величковски Тајзи и неговата сопруга Ангела, вчера (04. Октомври) станаа родители на машко чедо на кое му го дадоа името Захариј.

Веста за пристигнувањето на новороденчето гордиот татко ја сподели на социјалните мрежи, а овој момент го опиша како најубав во нивниот живот.

За време на породувањето Тајзи бил директно присутен, што му овозможило непосредно да ја доживее оваа животна пресвртница. Тој јавно ја изрази својата почит кон мајките, именувајќи ги како најсилни суштества, со посебен акцент на восхитот кон неговата сопруга Ангела.

Во емотивната порака упатена до новородениот син Захариј, музичарoт ветува доживотна поддршка, засолниште и сигурен дом.

– Ова е најубавиот ден во нашите животи. Среќата навистина се крие во малите нешта – во еден поглед, еден допир и едно мало срце што ни го промени целиот свет. Ти благодариме Боже, за најубавиот подарок што можевме да го добиеме.Бев присутен на породувањето и сега знам зошто мајките се најсилните суштества на овој свет. Ангела, ти се восхитувам повеќе од кога било. А тебе сине Захариј, ти ветуваме дека цел живот ќе бидеме твоето засолниште, твојата поддршка и твојот дом – напиша Тајзи.

По неколку часа и првата заедничка фотографија од породилиштето, осамна и втора каде тато за првпат го држи својот наследник во раце.

Ова ново поглавје за Тајзи и Ангела доаѓа кратко време по нивната венчавка во јули оваа година, која претходно беше најавена со свршувачка неколку месеци порано. Изминатиот период Тајзи беше тренспарентен во врска со приновата и тоа дека ќе стане татко на машко, а тоаш јавно откри и дека ќе се вика Захариј.

Честитки, нека е здрав и жив!

фото: Instagram printscreen/ tyzee_tajzi/Gemini(AI)

To top