Радио Милева само за неа

Свекрвата на Анастасија Гудељ јавно и се обрати на снаата: „Моето прекрасно девојче“

Свекрвата на Анастасија Гудељ јавно и се обрати на снаата: „Моето прекрасно девојче“

Анастасија Ражнатовиќ вчера(25.Мај) го прослави својот 28-ми роденден во прекрасната Севиља.

Овој посебен датум беше исполнет со прекрасни моменти, а славеничката доби прекрасно изненадување од своето семејство кое целосно ја воодушеви и ѝ го направи денот незаборавен.

Во текот на ноќта, објавата на свекрвата на Анастасија, Оливера Гудељ, привлече големо внимание на социјалните мрежи. Сакајќи јавно да го одбележи овој значаен ден, Оливера објави заедничка фотографија со Анастасија на својот профил.

– Среќен роденден на моето убаво и слатко девојче – напиша Оливера.

Посебно внимание привлече честитката од нејзиниот брат, Вељко Ражнатовиќ, кој ѝ се обрати на својата сестра со особено емотивни зборови.

– На мојот најголем дар од Бога, нека биде најсреќен досега – напиша тој на својот Инстаграм профил.

Мама  Цеца пак, објави необична фотографија направена со помош на вештачка интелигенција, на која беа споени две Анастасии, онаа од нејзиното детство и онаа денес.

фото:Instagram printscreen

To top