Радио Милева среќен и задоволен

Душко Тошиќ призна дека има нова љубов, а сите мислат дека таа е копија на Карлеуша

Душко Тошиќ призна дека има нова љубов, а сите мислат дека таа е копија на Карлеуша

Поранешниот српски фудбалски репрезентативец Душко Тошиќ повторно ужива во љубовта, а според српските медиуми, неговото срце го освоила атрактивната Нора, жена која зад себе има брак и две деца.

Љубовниот живот на поранешниот фудбалер веќе со месеци привлекува внимание од јавноста, а сега е познато дека ужива во нова романса.

По разводот од Јелена Карлеуша, Тошиќ долго време го криеше својот приватен живот, а сега за првпат јавно ја потврди својата врска со Нора, која има 32 години, што значи дека таа е девет години помлада од него.

Како што неодамна откри извор близок до двојката, двајцата не ги кријат своите емоции дури ни јавно, и биле видени во еден белградски ресторан како разменуваат нежности.

Душко нагласил дека е среќен во новата врска, но не сакал да открие дополнителни детали од романсата.

Откако нејзините фотографии се појавија на социјалните мрежи, бројни корисници почнаа да коментираат за нејзиниот изглед и споредба со Карлеуша.

-„Искрено, не можам да верувам колку личи на Јелена“, „Душко  најде копија на Карлеуша“, „Луѓе, оваа Нора е навистина попривлечена од Јелена, неверојатна е“, „Очигледно има свој тип жена, сè го потсетува на неа“, „На Душко му се чини дека му се допаѓа истиот профил на жени, само различни имиња“, Реално, има нешто во неа што потсетува на Јелена“ – ова се само дел од многуте коментари.

Во оваа прилика, тој кратко проговори за медиумите и потврди дека ужива во емоционална стабилност.

– Вистина е. Во среќна врска сум и сум задоволен – изјави поранешниот фудбалер за Директно, со што ги потврди наводите дека нивната врска станува сè посериозна.

фото:Instagram printscreen/duskotosic

To top