Откако на пошироката јавност кај нас, но и во регонот и стана позната по своето учество во осмата сезона на најпознатото регионално реално шоу „Елита“, македонската ријалити старлета Моника Станојкова не престана да биде гостинка во разни поткасти и емисии.

Од друга страна нејзиниот Инстаграм постојано „го храни“ со „скокотливи“ фотографии кои ги брануваат машките сетила кои пак ја будат машката природа. До душа иако нејзиниот изглед за некого е можеби дискутабилен, очигледно е дека има мноштво такви кои нејзиниот секси „сајз плус“ изглед прилично ги возбудува.

А за таа возбуда да не биде џабе и не оди јабана, мис Станојкова се погрижила да го спои туѓото задоволство со сопстевното, барем кога се финасиите во прашање, па Моника одлучила поинаку да заработува одошто досега.

Имено, скопската старлета решил да си печали без служба отворајќи свој сопствен профил на сајт за дружба. Во прашање е релетивно нова платформа наречена „Fiesta fans“, која најчесто ја користат инфлуенсерки, модели, фитнес инструкторки, стримери, но и старлети и воопшто креатори на содржини за возрасни (18+).

Fiesta Fans е платформа слична на OnlyFans — социјална мрежа каде креаторите на содржина можат да објавуваат ексклузивни фотографии, видеа, livestreams и приватна содржина за своите фанови. Фановите плаќаат месечна претплата или бакшиш (tips) за пристап до содржината, а платформата им овозможува: приватни live stream-ови, платени пораки, ексклузивни видеа и фотографии, до продажба на парчиња одредена стока.

Според нивната официјална страница, креаторите можат да заработуваат преку претплати, live stream и дополнителна премиум содржина.

Важно е да се знае дека на платформата има и 18+ содржина, а таа не е класична „fan page“ страница како Facebook фан група на пример. Служи главно за монетизација на публика и директна комуникација со своите фанови.


Познатата „сајз плус“ Македонка уште во старт нагласила дека нуди горлива содржина од типот 18+ односно, содржина која за малолетни не е дозволена!


Што се крие зад заклучените „дијамантски иконки“, можете само да си претпоставите или да дознаете ако влезете, а претходно се (прет)платите! Цената на месечната претплата пристапна, за тримесечно следење, следува и намаление!

Поканата да ја посетите нејзината „Фиеста фанс“ страница е отворена!
Фото: Monika/Fiestafans.com/Instagram/stanojkovastar/





