Радио Милева спомени кои болат

Сопругата на Кили со емотивна објава во спомен на покојниот се огласи на Фејсбук: „Наеднаш ќе дојде една ужасна тага…“

Сопругата на Кили со емотивна објава во спомен на покојниот се огласи на Фејсбук: „Наеднаш ќе дојде една ужасна тага…“

Поминаа речеиси три месеци откако од инфаркт почина истакнатиот македонски актер Кирил Поп Христов – Кили (58), кој години наназад живееше во Еквадор.

Шокот од загубата за семејството се уште стои, а болката пак, навлегла уште подлабоко…

Сопругата на покојникот, Гордана,  почувствува потреба повторно да се дополни за својата душевна празнина откако го нема нејзинот Кили, сопруг, татко и дедо.

-Полека животот настанува, како и се’ нормално, ама наеднаш ќе дојде една ужасна тага, тага заради се’ што било убаво, нежно, ама и за се неубаво, страшно, мачно., напиша таа за една заедничка ретро фотографија од која ја навјасаа спомени.

Инаку, по 12 години откако заминаа во Еквадор, Гордана неодамна, односно на почетокот од месец мај се врати на кратко во Скопје поради неодложни административни обврски.

Освен задолжителните обврски со документи по шалтери, како што нагласи, најголрмиот дел од времето го поминала со ќерката, актерката  Нина Деан и внукот Каи.

фото:Facebook/Gordana Dean Pophristova

To top